Презентација и дискусија: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“

Министерството за култура на Република Македонија (Одделение за Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка Филмскиот фонд на Република Словачка (Канцеларија за Креативна Европа – Култура) организираат презентација и дискусија на тема: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“, кои ќе се одржат на  12 септември 2017 година со почеток во 10:30 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Гости на настанот се Зузана Дучова од Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Словачка и Зора Јаурова, Претседател на Форумот за креативни индустрии на Република Словачка, кои преку примери на добра пракса ќе го презентираат словачкото искуство во оваа програма.

За време на настанот ќе бидат претставени придобивките и влијанието на специјалната акција на Европската комисија во рамки на програмата Креативна Европа, Кошице – европски град на културата во 2013 година, стратегиите и активностите на Форумот за креативни индустрии на Република Словачка и потребата и значењето од културните простори во поширокиот европски контекст.

Во вториот дел од настанот ќе се одржи дискусија за влијанието на програмите на ЕУ, Култура 2007 -2013 и Креативна Европа – Култура (2014 -2020) врз националните/регионалните, иницијативи и стратегии со корисниците на овие програмиБилјана Тануровска Ќулавковска од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата  (проекти: „Градина на Европа“ и „Доживотно горење“); Искра Гешоска од Контрапункт, Асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики (проект: „Проширено естетско образование“ ), Мите Стефоски од Н.У. „Струшки вечери на поезијата “(проект: „Версополис“ – европска платформа за поезија);  Ненад Стевовиќ, Издавачка куќа – ИЛИ ИЛИ (проект: „ЕУРОПЈАНА“).

Во прилог ја доставуваме и програмата за настанот.