Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери и медицинско лице за потребите на дисперзираните класови на спортската академија
Општина Охрид објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на :
-Два фудбалски тренери (еден тренер за работа со фудбалери и еден тренер за работа со голмани) на ученици во паралелката за фудбал
– Еден ракометен тренер
– Едно медицинско лице – физиотерапевт за медицинска грижа за учениците во паралелката по фудбал.
Конкурсот се објавува во согласност со правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации на УЕФА и правилата на Ракометната федерација на Македонија (РКФ).
Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:
За позицијата тренер на фудбалери или голмани:
– да поседува најмалку УЕФА А тренерска диплома;
– потврда за најмалку 2 (две) години клубска работа во соодветната категорија за која е кандидат во последните 5 (пет) години или потврда за најмалку 5 (пет) години стаж како тренер со соодветна диплома издадена од ФФМ;
– потврда дека не е осудуван;
– потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка од страна на дисциплински орган на ФФМ во последните 5 (пет) години;
– да има програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати;
– да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;
– потврда за постигнати резултати во неговата тренерска кариера;
– лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.)
За позицијата физиотерапевт:
– да поседува најмалку диплома за завршено средно медицинско училиште – насока физиотерапевт (или медицински факултет);
– потврда дека не е осудуван;
– лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа
За позицијата ракометен тренер
– да ги исполнува условите утврдени во член 27, 28 и 29 од Законот за спортот или да поседува соодветна Диплома и А Лиценца за тренер издадена од страна на РФМ
– да поседува стручни и професионални знаења во струката, при што се земаат во предвид задолжително поседување на меѓународни сертификати.
– потврда за најмалку 2години клубска работа во соодветната категорија за кој кандидат и тоа во последните 5години или минимум 10 години работа во национална селекција на Република Македонија.
– потврда за минимум 5 години работен стаж како тренер.
– да не е осудуван.
– програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати.
– да поседува ккомуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаење и вештини.
– потврда за познавање на најмалку еден светски јазик.
– постигнати резултати во неговата професионална кариера, (освоено првенство, куп или настап во евро куповите.
Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на соодветната спортска федерација и општината.
Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни документи во оригинал , треба да ги достават до Локалната Самоуправа Охрид (со назнака за – за тренер/физиотерапевт за Спортската Академија) по пошта на адреса, или лично во архивата на Локалната самоуправа најдоцна до 25.08.2014 година до 16.00 часот.
Општина Охрид
Ул.Димитар Влахов“ бр.57
Општина Охрид
Градоначалник
Никола Бакрачески