ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Реализирани 2.438 едукации во над 40 медицински центри во странство

Преку Програмата на Министерството за здравство за континуирана едукација на македонските лекари во најразвиените болници и здравствени системи досега се едуцирани 2.438 здравствени работници и тоа во врвни медицински центри во Европа и САД. Околу 70 проценти од докторите кои биле на едукација веќе применуваат нови методи во јавните здравствени установи во Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа системска мерка воведена пред неколку години дава одлични резултати, добро е прифатена од страна на сите здравствени работници кои…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина

Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава. Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“…

повеќе...

Почна да функционира он лајн-регистар на медицинска опрема

Сите апарати со кои располага јавниот здравствен систем во Република Македонија се внесени во он-лајн регистар на медицинска опрема, кој е во рамките на апликацијата „Мој термин“, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Системот, што функционира од почетокот на овој месец, ги содржи сите неопходни податоци за Министерството и здравствената установа да знаат во секој момент со која опрема располага, во каква состојба е и слично. Според овој регистер на медицинска опрема, евидентирани се 7.912 апарати во целото јавно здравство во земјава во 120 јавни здравствени установи. „За…

повеќе...

Македонија прва ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, денеска во просториите на Министерството ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили. Станува збор за проект инициран од Кралството Норвешка и поддржана од Соединетите Американски Држави со кој се зајакнува интероперабилноста на регионот со ОН, НАТО и ЕУ на ова поле. „Република Македонија е всушност првата земја која ја потпиша Спогодбата, со што се потврди и определбата на нашата земја, но и на Министерството и Армијата на Република Македонија за поблиска регионална соработка на сите полиња. Со тоа ние ќе овозможиме и нашиот регион да биде…

повеќе...

Досега невиден број на медицински персонал заразен со Ебола

Епидемија предизвикана од Ебола вирусот во западна Африка е без преседан на многу начини, вклучувајќи го и високиот процент на доктори, медицински сестри и други здравствени работници кои се заболени. До денес, повеќе од 240 здравствени работници ја имаат развиено оваа болест во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, а повеќе од 120 починаа. Еболата ги однесе животите на истакнати доктори во Сиера Леоне и Либерија, лишувајќи ги овие земји не само на искусен и посветен медицински персонал, туку и од инспиративни национални херои. Неколку фактори помагаат да се објасни…

повеќе...

Повик за ангажирање на тренери и медицинско лице за потребите на спортските паралелки

Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери и медицинско лице за потребите на дисперзираните класови на спортската академија Општина Охрид објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на : -Два фудбалски тренери (еден тренер за работа со фудбалери и еден тренер за работа со голмани) на ученици во паралелката за фудбал – Еден ракометен тренер – Едно медицинско лице – физиотерапевт за медицинска грижа за учениците во паралелката по фудбал. Конкурсот се објавува во согласност со правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ),…

повеќе...

Од 15-ти септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските студии

Со почетокот на новата академска година, од 15 септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските  студии и континуирано стручно  усовршување на докторите по медицина, кој беше донесен минатата година. Тоа е една многу крупна реформа која треба да овозможи подигнување на нивото на квалитет на здравството во Македонија како резултат на подигнување на нивото на квалитет на знаења, вештини и ставови на студентите односно докторите кои ќе завршат по овие нови програми. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека од оваа година…

повеќе...