Света архиерејска литургија по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 29 август (петок), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, – Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.