УИНТ – Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет

Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот. 

Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција.

uist students 3

Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, Ел Салвадор, Мексико, Перу, Тринидад и Тобаго, Турција, Мароко, Хрватска, Србија, Лаос, Русија, и Тунис. Исто така апликации за упис поднесоа и новистуденти од земјите како Гана, Камерун, Египет, Нигерија, Танзанија, Моголија, Грузија, Шри Ланка, Молдавија, Виетнам, Етиопија, Таџикистан, Тајланд, Украина, Индија и Кина кои и досега беа застапени на Универзитетот.

Странски студенти најголем интерес покажуваат конкретно за факултетите за компјутерски науки и инженерство и комуникациски мрежи и безбедност, како и за новите студиски програми за „е-Влада, е-Бизнис, е-Култура“ и дигитална бизнис информатика.

uist students 2

Странските студенти ги препознаваат можностите кои ги нуди македонскиот систем за високо образование, конкретно на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, каде што се применуваат и комбинираат иновативни истражувачки и едукативни практики актуелни на светско ниво и се развиваат исклучителни академски и индивидуални вредности.

Интересот на интернационалните студенти, пред се, сè должи на насочените ИТ студиски програми на англиски јазик, академскиот кадар составен од реномирани професори од целиот свет, мултикултурната средина и разновидност и меѓународната валидност на дипломите на УИНТ.