Индекси на индустриското производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2014 година во однос на јули 2013 година изнесува 105.9. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 12.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.6%.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5%, Капитални производи за 47.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на периодот јануари – јули 2013 година, изнесува 104.7.