Царинските службеници од Одделението за оперативни работи на (26.08.2014), во соработка со Министерството за внатрешни работи пронајдоа и запленија 8,3 кг хероин.
Околу 16:00h на граничниот премин Богородица, за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Пежо 307 со македонски регистарски таблички, управувано од македонскиот државјанин од Скопје.
Најпрвин, возилото беше прегледано со царинско куче кое покажа знаци дека во предниот дел кај десното крило на возилото има дрога, по што се пристапи кон детален преглед на возилото. Откако е извадено предното десно крило, пронајден е специјално направен бункер под шалтаблата.
Во бункерот се пронајдени 16 пакувања, облепени со селотејп трака со вкупна тежина од 8,3 килограми полни со непозната прашкаста материја. Со при проверка со тестер за дрога утврдено е дека се работи за опојна дрога ХЕРОИН.
Целокупниот случај е предаден на надлежните служби при МВР.