Претседателот на СДСМ со честитка по повод „Успение на Пресвета Богородица“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Во честитката на претседателот Заев се вели:

„Во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите православни верници, упатувам честитки со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Славејќи го денешниот ден, уште еднаш ги афирмираме основните човекови вредности на почит, правичност и праведност на кои треба да се базира едно современо и праведно општество. Денот на успението на Мајката Божја потсетува и на суштинското значење на мајчинската љубов и топлина, но и на човечката посветеност и искреност.

Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Тоа е вистинскиот пат, по кој секој Христијанин, но и секој човек треба да чекори.

Само со добри мисли и хуманост можеме да градиме заеднички дом, кадешто меѓусебната почит, разбирање и добрина ќе бидат приоритети.“– стои во честитката.