Градоначалникот Бакрачески денес меѓу народот во Слатински Чифлиг

Во рамките на одбележувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“- Голема Богородица, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и денес е меѓу народот.

Тој денес е гостин во селото Слатински Чифлиг, каде исто така масовно се одбележува овој голем христијански празник.