Денес во просториите на општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски оствари средба со најмладите.
На првачињата им посака успех во образовниот процес, а притоа ги поднови со чанти и училишен прибор кои се донација од познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“.
Оваа донација од страна на Капинков ја организираше почесниот конзул на Република Македонија Г-дин Зоран Ќосески.