Според податоците на Државниот завод за статистика во првото полугодие 2014 година во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.86 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие во 2013 година претставува пад од 0.41%.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.35 до 8.01 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 24.35 до 26.48 денари по nm3 по групи на потрошувачи.