Пандев и официјално во Галатасарај

Горан Пандев потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш Галатасарај.

Откако тренерот на Наполи, Рафа Бенитез не му укажа доволно доверба и шанса да се докажува во Наполи, неизвесна беше судбината на Пандев кој побара нов клуб. Многу клубови покажаа интерес, но не и конкретна понуда. Најзаинтересирани за неговите услуги беа Галатасарај и Милан.

Во последните денови од трансфер периодот голем интерес за Пандев покажа германскиот бундеслигаш Херта од Берлин, што се покажа можеби како поттик повеќе за Галатасарај да направи посериозен пристап и да го доведе нашиот интернационалец во своите редови.

Горан Пандев се очекува да дебитира за две недели кога Галатасарај на свој терен ќе го пречека Ескисехирспор.

WebOhrid