Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, стапката на слободните работни места изнесува 1.38%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ѓ – Градежништво и изнесува 2.75%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.09%.
Деловните субјкети со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.73%.
Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.06%.
Најголем број на слободни работни места, односно 1 629, има во осмата група на занимања – Ракувачи и составувачи на машини и постројки.