Во недела крводарителска акција во организација на охридскиот Црвен крст

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, оваа година ќе се реализира на 9-ти август (недела) во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид во периодот од 9-13 ч.

Од Црвениот крст ги покануваат хуманите охриѓани и гости да бидат дел од оваа крводарителска акција и дарувајќи крв ја покажат својата хуманост.