По повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 септември 2014 година (недела), ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По завршувањето на литургијата ќе биде промовирана монографијата по повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани од д-р Сашо Цветковски.
Промотор на моногрфијата ќе биде академик Цветан Грозданов.
Исто така ќе биде промовирана и монографијата „Пештани“ од д-р Димитар Смилески.
Промотор на монографијата ќе биде професор д-р Павле Митрески.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој Јубилеј.