Проекција на филмот „Обединети Страсти”

На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“, следнава недела ќе се прикажува филмот „Обединети Страсти“, во режија на Фредерик Аубуртин.

Проекциите ќе бидат во деновите 10-ти, 11-ти и 12-ти септември со почеток во 20.00 часот, а влезот ќе чини 50 денари.