Деновиве во Охрид заврши реализацијата на проектот „Градење на капацитетите и јакнење на соработката помеѓу агенциите за спроведување на законите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Република Србија“. Проектот беше во организација на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) а се спроведуваше во соработка со граничните полиции од овие земји.
Целта на проектот беше да се подобри борбата против илегалната миграција и прекуграничниот криминал на границите на западниот Балкан и директно зголемувањето на степенот на безбедноста како на земјите од западниот Балкан така и во западна Европа.
Во рамки на проектот се реализиираа обуки со цел подобрување и координација во реализацијата на заедничките патроли и прекуграничната соработка помеѓу граничните полиции на земјите учеснички.
Како дел од Компонентата 2 од проектот во пероидот од 01 до 04 овој месец во одмаралиштето на МВР во Охрид се рализираа две обуки на тема: “Мешовити патроли за граничен надзор“. Учество во обуките земаа полициски службеници од Република Македонија, Република Албанија и Република Косово како дел од горенаведениот проект. Обуката ја реализираа експерти од Република Македонија, Република Албанија и Република Косово.