Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес оствари средба со заменик секретарот за комуникации и информации на Министерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.
На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓународната соработка и поддршка помеѓу Република Македонија и САД во интернет управувањето.
Министерот Ивановски му се заблагодари на Стриклинг за поддршката за добивање на кириличниот .мкд домен, како и за престојните избори на членови во Советот на Меѓународната Телекомуниката Унија.
„Имавме конструктивен разговор за тоа како Соединетите Држави и Македонија би можеле да работат заедно на унапредување на меѓународната заработка во поддршката на повеќестраниот систем за унапредување со интернетот, што промовира слобода на изразување и економски раст.“-изјави Стриклинг.
На средбата учествуваше и американскиот амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс.