Вевчански пасош за славниот виолинист Стефан Миленковиќ

Српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ денеска заедно со селекторката на музичкиот дел од програмата на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, беше во посета на општина Вевчани. Славниот виолинист ги посети вевчанските извори и ја вкуси традиционалната вевчанска храна.

На гурманското домашно мени секако се најдоа и далеку прочуените вевчански луканци, препознатливата речна пастрмка , домашната пита, сирење, ајвар, лутеница. Домаќините му подарија и неколку тегли ајвар. Миленковиќ стана и жител на Вевчани, како голем уметник доби и вевчански пасош. Воодушевен од мирисот на нескротената природа, рече дека ова е едно од најубавите места кои ги посетил. -Прекрасно е чувството додека шетате покрај бистрите води. Тука температурата на воздухот дава едно пријатно чуство. Не ви се потребни зборови за оваа убавина, треба да се молчи и да се слуша гласот на природата, рече Миленковиќ кој како страствен планинар беше воодушевен додека шеташе покрај вевчанските извори.

„Следниот пат кога ќе дојдам во Македонија би сакал да спијам во ова рајско мест0“ рече Миленковиќ.