Министерот за одбрана Зоран Јолевски утре во Охрид

Утре 11 септември, во Охрид, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе се обрати на отворањето на работилницата на тема „НАТО Самитот во Велс: Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”.

Оваа работилница која ќе се реализира во периодот од 11-13.09.2014 година, е во организација на Маршал Центарот на Република Македонија, а под покровителство на НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за безбедносни прашања.