Утре, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, Министерството за информатичко општество и администрација организира Регионален форум за интернет владеење 2014.
На форумот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област.
Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде.
Форумот е организиран со цел да се поттикне дебата на која ќе претстават ставовите и мислењата во илустрирањето на една заедничка визија за водењето на една глобална политика како и за новите трендови и иновации во еко-системот.
Целта на Регионалниот форум е да се промовираат придобивките од информациско – комуникациските технологии и да се споделат иницијативи и политики во однос на интернет владеењето, како и да се развие платформа за иницирање регионални активности на ова поле.