Од 1.285 санкционирани учесници во сообраќајот 85 управувале под дејство на алкохол

СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.285 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 85 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 87 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 76 возачи, кај 78 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 66 возачи управувале возила со над дозволената брзина и 59 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 31 прекршок за некористење на сигурносен појас, 67 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 62 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 372 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање,за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 19 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 29 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 36 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 6 прекршоци, кај 7 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 448 возила.

Од страна на Отсекот за Превенција при Единицата за БПС при СВР-Скопје на 04.09 2014 година во ПС„ Гази Баба“ спроведена е сообраќајна поука по однос на прекршоци кои ги чинат велосипедистите. Од поканети 25 прекршители присуствувале 20 прекршители и на 11.09.2014 година спроведена е сообраќајна поука по однос на прекршоци што ги чинат пешаците. Од поканети 23 прекршители присуствувале 19 прекршители.

СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.