Кривична пријава за кичевчанец поради злоупотреба на службена положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид против Л.Р (58) од Кичево поднесе кривична пријава.

На 14-ти мај оваа година, пријавениот во својство на ВД директор на јавната здравствена установа Општа болница во Кичево, при донесување одлука за избор на работници медицински сестри-техничари, со искористување на својата службена положба, свесно извршил злоупотреба и пречекорување на службените овластувања.

Пријавениот Л.Р. спротивно на Законот за здравствена заштита, избрал кандидатки кои не ги исполнувале посебните услови во претходно распишаниот оглас односно примил кандидатки кои го немале потребниот волонтерски стаж од најмалку една година во општата болница во Кичево. Избраните и примени кандидатки не биле влезени ниту во предложените 18 кандидатки од ранг листата составена од посебната комисија за селекција.