Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре, четврток, ќе одржи заедничка прес конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, и претседателот на студентскиот парламент при ФИНКИ, Давор Поповски, посветена на претстојната Информатијада 2014 во Охрид.
Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.