Во периодот од 15-18 септември 2014 година делегација од Македонија предводена од Директорот на Институтот за јавно здравје, Асс. Др. Шабан Мемети како Национално контакт лице, присуствуваше на состанок на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија) кој се одржа во Тунис.
MediPIET е проект поддржан од Европска Унија, a под научно водство на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести) и Шпанскиот Институт за Здравје Карлос III. Во проектот се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион.
Целта на MediPIET е создавање на стручен кадар на доктори од областа на интервентна епидемиологија преку двегодишна тренинг програма, но и тренинг курсеви за континуирана едукација на епидемиолози и доктори.
Македонија, преку Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ РМ) е активен член во MediPIET од самиот почеток на проектот во 2012 во Франција, каде присуствуваше и Македонската делегација предводена од директорот Асс. Др. Шабан Мемети. Како резултат на работа на развој на научни документи и водичи за MediPIET, ИЈЗ е избран како еден од четирите пилот MediPIET Центри за обука на професионалци од областа на интервентна епидемиологија.
На состанокот во Тунис, директорот на ИЈЗ Асс. Др. Шабан Мемети ги презентираше достигнувањата на ИЈЗ во однос на MediPIET, а вооедно Др. Шабан Мемети беше избран како претседавач на Тренинг Центар Форумот на MediPIET составен од повеќе од 25 земји од регионот на Медитеранот, Блискиот Исток и дел од земјите од Црноморскиот регион.
Значењето на овој проект е се поголемо со појавувување на нови и заразни болести кои повторно се појавуваат (Ебола, MersCoV, WNV, маларија, итн…) за чија контрола потребна е меѓугранична соработка, координиран одговор и соодветен стручен кадар.