„Кажи му не на насилството”- кампањата не е финансиранa ниту одобрена од МВР

Спотовите насловени „Кажи му не на насилството” не се финансирани и изработени од Министерството за внатрешни работи. МВР ниту објавило тендер, ниту пак ја спроведувало јавната набавка. Немаме информација дали конкурирале и други продукции, какви биле нивните предлози и зошто бил избран токму посочениот, како што немаме информација ниту која е продуцентската куќа или колку чинела нивната понуда. Сакаме да посочиме дека МВР не учествуваше ниту во идејното осмислување, ниту во реализацијата на видео спотовите. Министерството беше единствено партнер при реализирање на проектот “Безбедни училишта”.

Овие спотови МВР не ги емитувало, ниту пак во иднина ќе ги емитува. Во моментов Министерството воопшто не реализира медиумска кампања со таква содржина.

МВР не поддржува, ниту пропагира никакви стереотипи. Напротив, за нас сите граѓани биле и ќе останат еднакви пред законот. Досега сме реализирале бројни кампањи за спречување на насилството. Во иднина планираме уште поинтензивно да делуваме на полето на превенцијата, но уште еднаш сакаме да потенцираме дека во моментов МВР не реализира никаква медиумска кампања во овој домен, вклучувајќи ја и посочената “Кажи му не на насилството”.