Од 12 –ти до 14-ти септември во Цетиње, Република Црна Гора се одржа Третиот меѓународен конгрес за инклузија на талентирани и надарени деца на кој како претставник од Охрид присуствуваше директорката на детската градинка „Јасна Ристеска“ , Роза Костеска.
Тема на конгресот беше инклузија на надарените и талентираните деца од предучилишна возраст во градинките и методи на откривање и работа со нив.
На конгресот предаваа еминентни професори и педагози од сите балкански земји а покрај Костеска од Македонија учествуваа и директорите од повеќе градинки од градови низ државава и представник од Министерство за труд и социјална политика.
Наредната година Охрид ќе биде домаќин на овој конгрес а организатор на случувањето е Балканскиот сојуз на здружение на воспитувачи -БАПТА .