Раководството на СДСМ се сретна со делегација од НР Кина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска остварија средба со делегација на Комунистичката партија од Народна Република Кина предводена од заменик министерот на одделот за меѓународна соработка на Централниот Комитет на Комунистичката партија, Џоу Ли.

На средбата беше разговарано за добрата соработка помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија како и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Кинескиот дипломат Ли ја нагласи важноста и улогата на СДСМ во социјалниот развој на Македонија со цел подобрување на животот на сите граѓани.

Претседателот Заев објасни дека мерките во Програмата на СДСМ се насочени кон решавање на најгорливите прашања во земјава, сиромаштијата и социјалата и дека целта е развивање на средната класа како можност за поквалитетен живот на сите граѓани во општеството.

Средба2209ra