Аплицирање за Чивнинг стипендии за 2015/2016 година

Поттик за идните лидери во Македонија да аплицираат за престижната британска Чивнинг програма за стипендирање.

Талентираните професионалци од разни области, како и државните и јавните службеници од Република Македонија имаат можност да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелтот.

Чивнинг стипендијата се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Оваа стипендија нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2015 година.

Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 15 ноември 2014 година.

Во 2014 година се доделени стипендии на тројца кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет изјави: “Како најдобро да споите високо образование со лидерство и врвни контакти? Ако станете Чивнинг стипендист. За вас, тоа значи одлична можност. За нас, значи вложување во лидерство на глобално ниво, во дипломатијата, политиката, бизнисот, иновациите. Аплицирајте и станете член на глобалната мрежа од 42 000 лидери.“

Стипендиите обично се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.

За да можете да аплицирате за Чивнинг стипендија треба: • Да сте државјанин на земја за која се отворени Чивнинг стипендиите и да планирате да се вратите назад по завршувањето на студиите • Да имате додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование • Да сте биле рабтно ангажирани најмалку две години пред да аплицирате за Чивнинг стипендија • Да исполнувате минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг • Да немате пречки за добивање на виза и да добиете неусловена понуда од британски универзитет .

Тимот на Чивнинг би сакал да види апликации од заинтересирани кандидати кои би студирале во областите на политички науки, јавни политики (правда и внатрешни работи/одбрана), финансии и економија, и иновации и бизнис менаџмент (освен МБА).

Како да аплицирате …. Заинтересираните кандидати треба да ги прочитаат насоките за аплицирање достапни на интернет и треба да бидат во можност да покажат дека ги исполнуваат критериумите за селекција за Чивнинг пред да поднесат апликација. За повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање видете на: www.chevening.org/apply.