Политичката ситуација во Македонија, економската нестабилност на земјава и притисоците во пресрет на најавениот штрајк на наставниците беа теми на разговорот помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска со словачкиот амбасадор во земјава, Мартин Безак.
-СДСМ како најголема опозициска партија ќе ги преземе сите неопходни чекори да ја спречи власта во уништувањето на државата, рече претседателот Заев.
На словачкиот абмасадор Безак му беше соопштен цврстиот став на СДСМ за разговор за сите 5 теми, меѓу коишто клучно е обезбедување практични гаранции за фер избори, како начин за надминување на политичката криза по криминалните избори.
На средбата се разговараше за нефункционалноста на институциите на системот и за загрозеното право на граѓаните на изразување, што е спротивно на Уставот, на законите во Македонија и на меѓународни конвенции чијашто потписничка е земјава.