ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден неуспешен обид да се вратат на политичката сцена

Во врска до денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ . Во неа се вели:

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден неуспешен обид да се вратат на политичката сцена. Пред истите да доживеат нов политички пораз најдобро е да се огледаат на работата на ВМРО-ДПМНЕ и да научат дека за се и сешто не треба јавно да се бламираат како што тоа по кој знае кој пат го направија и денес.

Локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ со префрлањето на дел од администрацијата во општинската зграда во Косел настојува да се доближи до мештаните од охридските рурални средини . Тие секојдневно имаат можност да остваруваат комуникација со стручните служби на општина Охрид кои ги евидентираат нивните проблеми со што понатаму многу е полесно да се провери до каде се предметите на овие граѓани а со тоа тие не би морале да патуваат до Охрид и да се изложуваат на дополнителен трошок . Вработените кои во моментов се во Косел, извршуваат работни задачи кои соодветствуваат на нивните работни места согласно новата систематизација. Значи нема ништо тенденциозно. Едноставно ставена е во функција општинската зграда во Косел која е во одлична кондиција. Се работи за зграда која ги исполнува сите потребни стандарди за нормално одвивање на работата.

СДСМ со вакви настапи покажува дека е мало дете кое плаче по играчка, но откако истото ќе созрее ќе разбере дека се не може да добие во рака. Граѓаните долго време им покажуваат каде им е местото а тие никако да научат дека со вакви испади се подолу и подолу пропаѓаат.“- стои во реакцијата.

Со Почит,
ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид