Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и општина Охрид, во која стои:
„СДСМ Охрид и денес продолжи да и здодева на јавноста со прес конференција на тема која е елаборирана до сега безброј пати и за која е се кажано, објаснато и прецизно појаснато зошто се презедоа чекори за дисперзија на дел од админситрацијата на Локалната самоуправа во руралните средини.
Знаеме дека од СДСМ Охрид мора да ја одработат агендата која им е наметната од Скопје и според која мора да се активни и да ја напаѓаат власта во градот, но во ситуација кога локаланта власт работи по закон, транспарентно,одговорно и отчетно пред граѓаните, оваа партија нема што да критикува, па бара проблеми онаму каде ги нема.
Јасно е дека во недостиг на конкретни идеи кои би ги понудиле пред граѓаните, и во недостиг на визија за иднината , не се во состојба јавно да ги поддржат политиките на градоначалникот Никола Бакрачески и мора на здодевен, едноличен и репринтиран начин постојано да одржуваат прес конференции на исти теми и да критикуваат за вработени луѓе, кои примаат редовно плата и нив да ги прикажуваат како некакви жртви за кои наводно оваа партија се грижи.
Господата од СДСМ сигурно ги прочитале изјавите на дел од вработените во Косел, со кои тие побараа оваа партија да не ” кука ” над нив, па крајно време е да ги послушаат и да прекинат да ги злоупотребуваат вработените во општинската админситрација во дневно политички цели.
За крај прашуваме дали вработените во админситрацијата кои се во други објекти во градот како дел од функционалниот имот на Локалната самоуправа се дискриминирани, бидејќи и тие работат во канцеларии кои не се дел од зградата на Општина Охрид ?“- се вели во реакцијата.