РК „Охрид 2013“ утре ќе игра пред домашна публика

Ракометарите на охридскиот прволигаш РК „Охрид 2013“ утре (27-ми септември) ја имаат својата премиера пред домашната публика во ВИП машката супер лига.

„Гладијаторите мотивирани како никогаш до сега влегуваат во овој дуел. За постигнување на целта – победа над РК „Преспа“ потребен им е и стимул од фановите како ветар во нивниот грб. Затоа утре, сите на ракомет да ги бодриме нашите гладијатори и да бидеме мотивот за нивна победа.“ – истакнуваат од РК „Охрид 2013“.

Натпреварот се игра во 19 часот, во СРЦ „Билјанини извори“.