Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во август 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на август 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во август 2014 година е на исто ниво како и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработени се поповолни во однос на претходниот месец.
Во август 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите наготовите производи во август 2014 година се намалени во однос на јули 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2014 година изнесува 61.8% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во август 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.0%, недоволната домашна побарувачка со 17.8%, неизвесното економско опкружување со 8.5 % и финансиските проблеми со 8.4%.