Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, изнесува 101.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Стручни, научни и технички дејности (7.8%) и Административни и помошни услужни дејности (5.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (3.4%) и Преработувачка индустрија (2.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2014 изнесува 31 245 денари. Во јули 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.