Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 101.3. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 11.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 46.6%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8%, Капитални производи за 46.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 42.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 10.1%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, изнесува 104.3.