Промотивни концерти на Каролина Гочева

Авалон Продукција закажа два промотивни концерти на Каролина со проектот „Македонско девојче 2“. Едниот од нив е во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид на 25-ти Октомври (сабота), со почеток во 21:00 часот.

Другиот концерт, Гочева ќе го одржи на 24-ти октомври во Центарот за култура-Битола, со почеток во 21 часот.

Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската Опера и Балет кои што се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1“.

Влезниците во продажба по цена од 400 денари се пуштени од вчера. 1-ви Октомври, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.