Стојаноски: Веќе година и половина се импровизира со образованието во Охрид

Неодговорното однесување на градоначалникот Никола Бакрачевски и ВМРО-ДПМНЕ е на штета на учениците во Охрид. Веќе година и половина се импровизира со образованието во Охрид, обвини на денешната прес конференција координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид, Јован Стојаноски.

„Воспитно – образовниот процес не функционира нормално и во соодветни услови. Помина цел месец од почетокот на учебната година а новоформираното средно економско училиште Св. Кирил и Методиј се уште нема стручна педагошко -психолошка служба. Во училиштето нема ниту помошник директор, ниту секретар. Дополнителна причина зошто училиштето на може да функционира нормално и да одговори на сите потреби на учениците. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески оставија училиште со 20 паралелки и 450 ученици без потребните услови и кадар во новата учебна година. Тоа е недозволиво. Каков е односот на локалната власт кон образованието говори тоа што Секторот за образование во Општината се уште нема раководител. Долговите на училиштата се исто така сериозен проблем кој може да го доведе во прашање нивното функционирање.“– рече Стојаноски.

Тој додаде дека јавноста очекува одговори од градоначалникот Бакрачевски колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година, за неплатени сметки и тужби по овој основ.

„Зошто на последната седница на Советот на која се усвојуваа извешаите за работа на училиштата и годишните програми не присуствуваа директорите на основните и средните училишта? Образованието е клучен сегмент за иднината на нашите деца и не се доволни импровизации и неодговорно однесување.  Бараме итно да се превземат сите мерки за првично нормализирање на воспитно образовниот процес во Охрид, во интерес на учениците.  Го повикуваме градоначалникот, да соопшти колкави се долговите на основните и средните училиштата и да предложи план за нивно отплаќање.“- додаде Стојаноски.