Јанкулоска : „Граѓаните очекуваат полиција со висок интегритет“

„Полицијата е еден од инструментите на државата во функција на спроведување на законот и владеење на правото. Широките овластувања подрзабираат и голема моќ а тоа само посебе повелкува и зголемен ризик од нејзина злоупотреба“. Ова меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето синоќешно поздравно обраќање на Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска Петтата регионална конференција на единиците за внатрешна контрола што овие два дене ќе се одржува во хотелот “Холидеј ин“ во Скопје.

Министерката Јанкулоска нагласи дека токму поради тоа силно ја охрабрувас и дава целосна поддршка на како што рече – “непоколеблива внатрешна контрола која навремено ќе ги детектира сите злоупотреби на полициските службеници и ефективно ќе се справува со истите“.

Според Јанкулоска граѓаните очекуваат полиција со висок интегритет која ги извршува задачите во согласност со највисоките стандарди и која ќе биде прва во почитувањето на истите.

„Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и во иднина останува посветено на борбата против корупцијата, незаконско и непрофесионално постапување на полициските службеници, а во таа насока ќе ги примени потребните алатки кои ќе овозможат детектирање и санкционирање на секој конкретен случај во пракса.“, потенцираше Јанкулоска.

Инаку оваа Петта по ред конференција на полициските сектори за внатрешна контрола на полициите од регионот чии што домаќин е македонското МВР се реализира во коорганизација со Одделот за полициска програма на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.