По повод Партониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, општина Дебрца и Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, утре организираат свеченост со почеток во 10:00 часот во Црвена Вода.
Одбележувањето ќе започне со полагање свежо цвеќе на споменикот и посета на спомен домот, потоа се продолжува на централната прослава во просториите на салата во село Мешеишта, каде пригодно обраќање ќе има градоначалникот, Игор Трајкоски и професорот по Историја, Наце Иваноски и за крај литературна творба која ќе ја изведат учениците од ОУ „Дебрца“.