СДСМ: Состојбата во училиштата во Охрид е повеќе од загрижувачка

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Од ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески граѓаните повторно не добија одговор колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година.

Дали долгот на училиштата е поразителен и надминува 77 милиони денари или над 1 милион евра?

Градоначалникот Бакрачески на охриѓани им рече дека се деблокирани сметките и дека се нормализирани блок дотациите. Излажа ли повторно Бакрачески?

Училиштата никогаш не биле позадолжени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески избегнуваат да дадат одговор на овие прашања.

Постапката за формирање на средното економско училиште Св. Кирил и Методиј ја започна минатиот состав на Советот, на иницијатива на тогашното советничко мнозинство, предводено од СДСМ.

Состојбата во училиштата во Охрид е повеќе од загрижувачка.

Власта наместо да се занимава со минатото, во интерес на учениците нека се зафати со решавање на горливите проблеми со кои се соочува воспитно – образовниот систем во Охрид.“-се вели во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.