Учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“ учеа како треба да се штеди

Преку забава и  игра денес учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.

Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески, ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе.

„Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема „Штедење и спортување“. Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана возраст.“- вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.