Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење.
Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.
На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски.
Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври (четврток), во хотелот „Десарет“ во Охрид.