Некое дете си го удрило прстот и отишло на лекар. Таму лекарот му го испрскал со спреј и прстот се здрвил. Детето си отишло дома. Го видел дедо му така со прстот и му вели:
– Абре внучко, што му напрај на прстот?
– Го удрив дедо, ама бев на лекар, ми го испрскаа со спреј и сега стојт исправено!
– Кажи ми ти внуче, дали можиш да го украдиш тој спрејот, а јас ќе ти купам точак!
Детето пошло повторно на лекар, чекало прилика и го украло спрејот. Се вратило дома и му го дало спрејот на дедо му.
Следното утро се буди детето и гледа во дворот и точак и мотор.
– Абе дедо, во дворов има и точак и мотор?!?
– Да внучко, точакот ти го купив јас, а пак моторот ти го купи баба ти!!!