Реализирана хуманитарната акција „ За посреќно детство“

Пред  платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ и на поширокото централно градско подрачје, Црвен крст Охрид и Општина Охрид денес заеднички реализираа низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење. 

Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година изврши бесплатни стоматолошки прегледи за посетителите и учесниците во оваа акција.

„Ова ни е трета година како успешно го реализираме овој проект заедно со Црвениот крст.  Од година во година, се повеќе сме организирани, а интересот е се поголем. Ако минатата година имавме 100 прегледи, оваа година минимум очекуваме повеќе од 200. Така да ние сме спремни. Оваа година воведовме новитет, така да за секој преглед ќе се добие еден извештај, каде  што ќе се знае дали треба понатамошен третман, како се одржува хигената.“ – изјави д-р Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков се надева дека и понатака не само на овој ден, туку и во текот на целата година , овие млади луѓе ќе бидат спортски активни и хуман.

„Од десет часот досега имаме преку 20 крвни единици. Исто така, тука се и екипите на Центарот за јавно здравје, кои што промовираат здрав начин на живот и вршат основни здравствени прегледи, и тука се волонтерите на Црвениот крст со сите оние активности, содржини. Она што сакам како круна на сето ова да го истакнам, е Стоматолошката ординација „Баткоски“, комплекс „Св.Ѓоргија“, кој денес на посебен штанд има потполно опремена стоматолошка ординација и врши совети прегледи за сите деца, дарува четкички за заби, пасти за заби.“– рече Точков.

Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За Посреќно детство“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираа преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, годинава беше збогатена и со крводарителска акција под покровителство на Општина Охрид.

„Волонтерите во текот на еден месец продаваат талончиња во вредност од 30 денари. Средствата кои ги собрираме одат за деца од социјлано загрозените семејства, а со тие пари му купуваме дали карти за на училиште, прибор за на училиште, односно се што е наменето за деца, бидејќи самата акција го носи иматео за посреќно детство. На 18 октомври е главната наградна игра за која има 50 награди, а главна награда е патување во Златибор.“ – рече Ангела Спировска, волонтер на Црвениот крст Охрид.

WebOhrid/Ангелче Андриоски