СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.133 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 41 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 51 возач, кај 23 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 70 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 49 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Исто така, изречени се 39 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 56 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 33 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 480 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 17 прекршоци, за непрописно престројување изречени се седум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 35 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се седум прекршоци, а кај шест возила е утврдена техничка неисправност додека пак со пајак возило подигнати се вкупно 344 возила.
СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.