Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за локална урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс КП 2848/1, КО Коњско

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС НА КП 2848/1, КО КОЊСКО ОПШТИНА ОХРИД

СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 2848/1, КО Коњско, општина Охрид.

1. Просторот на планскиот опфат на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 2848/1, КО Коњско, општина Охрид е опфат на граници кои се поклопуваат со граници на градежна парцела бр.1, со површина од 0,22 ха.
2. Јавната анкета и јавната презентација за ЛУПД ќе трае од 08.10.2014 година заклучно со 15.10.2014 година.

3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 13.10.2014 година со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

7. Ова Соопштение влегува во сила со денот на донесувањето.

LUPD-za-izgradba-na-hotelski-kompleks-na-kp-2848_485