Општинскиот инспекторат ќе ги санкционира туристичките водичи кои работат на диво

Денес овластените туристички инспектори при општинскиот инспекторат во координација со државниот пазарен инспекторат извршија контрола на повеќе туристички групи во централното градско подрачје при што беа затекнати нелегални туристички водичи и истите на лице место беа санкционирани од страна на инспекторите. Од општинскиот инспекторат истакнуваат дека ваквите контроли и во иднина ќе продолжат и потсетуваат дека сите туристички групи кои вршат разглед на градот треба да се придружувани од локален туристички водич или придружник согласно законските одредби. Во Охрид регистрирани се околу 90 легални туристички водичи.

повеќе...

Ќе се формира туристичка инспекција

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, на седумдесет и шестата седница на Владата на Република Македониа оддржана на 26-ти Мај, одлучено е да се формира туристичка инспекција. „Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и одлучи да се формира туристичка инспекција како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од Државниот пазарен инспекторат.“– информираат од…

повеќе...

Туристичките Инспектори ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем

Овластените Туристички Инспектори согласно законските обврски, ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот Инспекторат (над Уни Банка поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 08 до 15 часот. Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се глоби во износ од 600 евра доколку во одделен случај не плати Такса за…

повеќе...