Работилница за почитување на различностите во предучилишните установи

Претставници од општина Охрид и од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, зедоа учество на работилница на тема „Воведување на почит кон различности и мултикултурализам во раниот детски развој“ што вчера се одржа во Скопје.

Целта на работната средба беше зајакнување на локалните капацитети за прифаќање и почитување на различностите. Работилницата се спроведе во рамки на програмата за воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во установи за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Во рамки на активностите на оваа програма ќе бидат вклучени 10 пилот општини и тоа: Охрид, Битола, Куманово, Тетово, Гостивар, Аеродром, Кичево, Кочани, Чаир и Гази Баба.

Програмата е поддржана од Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ и Британската амбасада.