Општина Охрид, Сектор за заштита на животна средина и управување со отпад, согласно годишната програма за заштита на животната средина и природата, а во рамки на одбележувањето на 23-ти септември-Есенска рамноденица и почеток на есента го реализираше ликовниот и литературен конкурс на тема „ ИСЧИСТИ СМЕТ ,ПОСАДИ ЦВЕТ ЗА ПОУБАВ СВЕТ“, во соработка со охридските основни училишта.
Жири комисијата ги разгледа пристигнатите ликовни и литературни творби и изврши избор на најдобрите ликовни и литературни трудови .
Од пристигнатите литературни творби награди освоија :
– Прва награда во висина од 5.000,00 денари Елена Кумбароска, IV одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид
– Втора награда во висина од 3.000,00 денари, Наталија Стрезовска 12години, од ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
– Трета награда во висина од 2.000,00 денари, Кристина Каланоска VII одделение, од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид
Од пристигнатите ликовни творби награди освоија :
– Прва награда во висина од 5.000,00 денари Теона Никовска , IX одделение, од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид
– Втора награда во висина од 3.000,00 денари Никола Митрески, VII одделение, од ОУ„ Живко Чинго“ Охрид
– Трета награда во висина од 2.000,00 денари Михаела Бабаче , II одделение , од ОУ Св.Климент Охридски“ Охрид
Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во канцеларијата на ул. Димитар Влахов над Црвен крст Охрид.